Потребителски вход

Запомни ме | Регистрация
Постинг
22.06.2022 15:57 - Бугарската црква одлучи да влезе во канонско единство со МПЦ-ОА
Автор: intelect Категория: Политика   
Прочетен: 656 Коментари: 0 Гласове:
0


Постингът е бил сред най-популярни в категория в Blog.bg
 Иако има и политика Позитивна,христијанска и пред се човечка вест од Бугарија...кога тогаш ќе ја признаете реалноста дека црквата се вика Македонска и Охридска...само на ваков начин ќе се приближите кон Македонија
Здравје Македонецот е трпелив!!!


Бугарската православна црква се приклучува на одлуката на Вселенската Патријаршија за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, иако официјално ја нарекува Православна Црква во Северна Македонија, објави религија.мк.

imageОваа одлука ја донел Синодот на БПЦ, откако ги разгледал писмата од Вселенската патријаршија за кревање на шизмата од МПЦ-ОА и од Српскиот патријарх Порфириј.

Сепак, БПЦ смета дека за официјалното име на МПЦ-ОА, дополнително треба да разговара Синодот.

-Денеска на свпето заседание, во полн состав, Светиот Синод ги разгледа писмата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј и Српскиот патријарх Порфириј во врска со каноничниот статус на Православната црква на Северна Македонија и по спроведеното гласање одлучи: Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија со благодарност кон Бога и духовна радост ги прифаќа решенијата за подигање на шизмата и влегува во канонско и евхаристичко општење со Православната црква на Северна Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Северна Македонија треба да иде дополнително разгледано, стои во соопштението на БПЦ.

Со ова практично Бугарската црква е четвртата црква во Православниот свет, која донесе одлука за сослжување со МПЦ-ОА, по Вселенската Патријаршија, Српската црква и Грчката (која ја поздарви одлуката).

Кога ќе се случи првото официјално сослужување меѓи МПЦ-ОА и БПЦ, засега нема најава.




Гласувай:
0



Няма коментари
Търсене

За този блог
Автор: intelect
Категория: Политика
Прочетен: 378151
Постинги: 192
Коментари: 737
Гласове: 110
Календар
«  Март, 2024  
ПВСЧПСН
123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031